Еурофарм Пелистер – Охрид 26:27 (13:11)
Во дербито на колото во плеј-офот во Битола, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид поразен е домаќинот со резултат 26:27, со гол на охриѓани во последната секунда. сега двете екипи Еурофарм Пелистер и Охрид имаат по 42 бода и се втората позиција на табелата зад Вардар кои сега и на нов чекор кон титулата.
Натпреварот подобро го отворија гостите “пелистерци“ постигнаа прв гол во 4. минута, а преку Атанасијевиќ и Хосни израмни на 2:2. Иако во првио дел охриѓани контрола на резултатот, но во 15. минута, Еурофарм Пелистер направи серија 4:0, и со тоа поведе со +3 (9:6). Следуваше црвен картон на Абутовиќ и маналување на 9:8. Потоа резултатски тимовите беа резултатски рамноправни, а на одмор се отиде со 13:11. 
Во второто полувреме бележиме одбрани на голманот на Хеидаридад, но Охрид пак се врати во мечот и израмни на 17:17. Еурофарм Пелистер повторно имаше исклучувања.
Во 45. минута, Охрид имаше +1 (17:18), а потоа и 17:19. Еурофарм Пелистер пак се врати, израмни на 20:20 во 50. минута, а потоа се продолжи со гол за гол. Никола Митревски забележа голема одбрана од пенал во 55. минута при 23:23, а Кузмановски погоди за 24:23 со играч помалку. Ѓукиќ израмни на 24:24 на три минути до крајот. Лиапис погоди за 24:25, а Пешевски пак израмни на 25:25.
Во 60. минута Иванковиќ и Видосмски стрелаа за 26:26, а за Охрид, гол за победа даде Стрмљан со звук на сирената.
Најдобар стрелец Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасковсо 6 гола, а Филип Кузмановски и Усама Хосни дадоа по четири гола.










