Денес, четврток, 9 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, петок, 10 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 16 степени.






