Пелистер – Вардар 0:0
Во Битола, но вечерниот термин, под рефлектори Вардар “влезе“ како голем фаворит над Пелистер ама големото дерби во македонскиот фудбал заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат без голови 0:0.
Двете екипи имаа голем мотив, Пелистер игра за бодови за опстанок, а Вардар за бодови за титула, а бодот по трите на Пелистер во Тетово се неопходини во битката за опстанок.
Првото полувреме помина во рамноправна игра, но без фудбалско надигрување, со малку шанси за гол. Вардар имаше шанса за гол, но голманот на Пелистер, Јовчевски одбрани и не дозволи водство под Тумбекафе.
Второто полувреме започна како и првото, но во 51. минута, најубавата шанса за гол ја имаа прво Велковски, потоа Кастањеда, по една грешка на Јовчевски кој испушти топка од раце, но потоа на два пати во таа акција одлично реагираше.
Во 56. минута Ивановски постигна гол за Пелистер по проигрување од Спировски од слободен удар кога сите очекуваа удар на голот, но беше поништен поради офсајд.
Најдобрата можност за гол за екипата на Вардар ја видовме во 95. минута кога Матиќ шутираше во една мешаница, но голманот Јовчевски го спаси Пелистер од пораз.
Пелистер по ова коло се наоѓа на 9. место на табелата, кое води во бараж за опстанок со 26 бода. Во следното коло Пелистер гостува кај Арсими.
Фото: Сашо Ристевски







