На првиот ден на Воскресението Христово во црквата “Св. Недела“ во Битола се одржа Воскресна Света Литургија која ја предводеше, старешината на црквата, протоереј Никола Неделковски, заедно со протоерејот Љупчо Атанасов и ѓаконот Михаил Атанасов, заедно со хорот, и певците и верниот народ.
На Светата Литургија присуствува голем број на верници, на радост на сите на старешината, отецот, верниците, кои истакнаа дека ова е ден кога има најголем број на верници.
По службата се изнесе Светата Причест и се пристапи кон причест на верниците, меѓу кои имаше и голем број на деца, кои од црквата добија и мали подароци.
По Воскресната Света Литургија беше прочитано и Посланието на Владиката Петар, а се одржа и света причест на верниците.
Сашо Ристевски






