-Во текот април во 2016 година во Битола, мирни масовни собири организираше Граѓанското движење за одбрана на Македонија, ГДОМ, протести кои се одвиваа од Офицерски дом, по Широк Сокак до плоштадот “Магнолија“, пред споменикот на Филип Втори, а неколку пати и пред просториите на СДСМ, на кои се бараше одржување на предвремени парламентарни избори, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Од сите протести, кои се одржуваа секој ден, речиси дваесетина денови, се упати пораката дека единствено со одржувањето на распишаните предвремени парламентарни избори на 5 јуни, ќе се стави крај на политичката криза во државата, и дека граѓаните единствено преку изборите на 5 јуни ќе му дадат полн легитимитет на политичката партија што ќе победи на изборите, при што ќе се нормализираат состојбите во сите области од општественото живеење.
-Избори на 5 јуни, да се стави крај на кризата и да престанат вандализирањата на државните институции и спомен обележјата во Република Македонија кои се симбол на државноста, побараа говорниците и учесниците на мирните народни собири во Битола, организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ, каде поддршка изразија неколку илјади битолчани.
Активистот на ГДОМ во повеќето настапи нагласуваа дека за надминување на политичката криза во државата, единствено решение се демократски избори.
-Наближува 5 јуни, денот кога Македонците ќе се сплотат како што тоа секогаш го прават кога е во прашање нивното највисоко граѓанско право, правото на избор. Политичката криза единствено ќе се реши со избори, и ние граѓаните го сакаме тоа – порачаа тогаш, на протестите битолчани.
-Со овие граѓански мирни собири сакаме да им дадеме поддршка на сите Македонци кои сакаат да си ја задржат Македонија, што сакаат да го задржат идентитетот. Секогаш сме биле за тоа, а не за украински сценарија. Нема да си дозволиме да се тепаме Македонци со Македонци- децидни беа граѓаните, поддржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија ГДОМ.
Протестите кои се одржуваа во Битола и сите градови завршија со голем протест во Скопје, каде според некои аналитичари се собраа околу 100.ооо граѓани од Македонија.

Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)
- Битола и Широк Сокак полни со навивачи на Ливерпул, “Расчекор“ обоен во црвено, многу песни, дружење, нови пријателства… (видеа + фотогалерија)
- Навивачите на Ливерпул од регионот во Битола – аманетот на Кубата исполнет (фотогалерија + видео)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)










