На 14.04.2026 во 02:00 часот на ул. „Добривое Радосављевиќ“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Р. (47) од Битола. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „хонда” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р., при што констатирано било дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,93 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 14.04.2026 во 00:15 часот во СВР Битола Б.К. (51) од Битола пријави дека ул.„Партизанска” во Битола, неговиот малолетен син, додека бил заедно со неговиот другар биле пресретнати од четворица малолетници, кои физички го нападнале синот на пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 13.04.2026 во 16:00 часот, во СВР Битола И.Ј. (40) од Битола пријави дека во населба Стрчин во Битола, додека бил заедно со неговиот пријател на возраст од 62 години од Битола, бил нападнат со употреба на дрвен предмет од 18 годишник од село Лера,битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






