Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две лица возеле без возачка дозвола, приведување за закана соо огнено оружје

На 14.04.2026 во 22:30 часот на ул. „Стив Наумов“ во село Долно Оризари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.П. (27) од сeло Долно Оризари. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 14.04.2026 во 15:15 часот на ул.„Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р. (26) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода “ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Р., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 14.04.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 30 годишно лице од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Лавци, битолско, поради недоразбирање со огнено оружје се заканувал на 24 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »