Press "Enter" to skip to content

Локал патриотски концерт “Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“ на оркестар “Дива“

-За 3 јули секогаш се врзуваат убави настани поврзани со Оркестар “DIVA“.

Токму на 3 јули беше возобновен оркестарот и беше одржан првиот концерт во Пациото со “За Моја Битола“ во 2013 година. Оттогаш па наваму, овој датум како да стана симбол на една убава приказна, во која се нижеа голем број концерти и проекти, не само во Битола, туку и надвор од градот и надвор од Македонија.

А токму на 3 јули 2024 година, за првпат го одржавме и големиот концерт на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
По само две години, повторно подготвуваме голем музички спектакл, но овојпат на Ракометното игралиште – простор кој и претходно бил сведок на значајни музички случувања, меѓу кои и фестивалите “Balkan Gala“, кои се одржуваа во две вечери.
Оваа година, на роденденот на оркестарот, така и најчесто го нарекуваме овој датум, за првпат ќе се одржи големиот концерт „Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“, еден вистински локалпатриотски проект кој на едно место ќе ги собере најдобрите битолски бендови и тоа Чоканче, Паркети, Brass Brothers, CODE369 (Памперс), Гром, Бранислав Николов од Фолтин. Тие заедно со Оркестар DIVA ќе создадат вечер посветена на битолската музичка енергија, на градот и на луѓето што со години ја градат неговата културна приказна.
Како и на нашите претходни големи музички настани, и оваа вечер нема да заврши со последната оркестарска нота. Концертот ќе биде заокружен со настап на диџеи, а овојпат тоа ќе бидат битолски диџеи, чии имиња ќе бидат дополнително објавени.
На 3 јули 2026 година, Битола ќе покаже дека знае да ја слави својата музика, своите уметници и својата сцена. „Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“ ќе биде вечер на битолска гордост, заедништво и музика која го носи духот на градот.
Карти во продажба по промотивна цена од 400 денари до 10.05.2026 на https://yournextevent.info/events/the-best-of-bitola и во Тобако Димпо.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »