На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 43 годишник од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.04.2026 во 19:48 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“, ул. „15 Мај“ и ул.„Цветан Димов“ во Битола, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 68 годишник од Битола, удрило во 50-годишниот пешак од село Долна Чарлија, општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.






