Press "Enter" to skip to content

“Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)

-Танцот не познава раса, пол или граници – тој е универзален јазик што обединува. Токму преку него, младите испратија силна и инспиративна порака дека заедно сме посилни, похрабри и поблиски – на  Меѓуучилишниот танцов натпревар „Мостови на пријателство“. Преку ритамот, движењето и емоцијата, танцот стана нивниот глас – јасен и храбар против секоја форма на дискриминација.Меѓуучилишен  танцов натпревар „Мостови на пријателство“  се одржа на 19 април 2026 година во спортската сала на СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, со почеток во 12:00 часот. Настан  во организација на Општина Битола, Здружение „Сумнал“ Битола и Гимназијата „Јосип Броз Тито“.На настанот  се обратија Ферзије Асановска од Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“,  Наташа Ташкова Поповска од Општина Битола и Михајло Силјанов професор од Гимназија „Јосип Броз  Тито“.Нагласувајќи ја суштината на настанот – Во свет каде разликите често се гледаат како пречки, младите избраа да ги претворат во мостови на поврзување на овој инспиративен настан. Со цел админување на предрасудите и дискриминацијата и поттикнување на еднаквост, прифаќање и заедништво меѓу младите.Со свое обраќање на настанот се обрати градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, кој ја истакна важноста на ваквите иницијативи и додаде:-На оваа сцена не се градат ѕидови, туку мостови – мостови на пријателство, почит и еднаквост. Мостови што ги поврзуваат срцата и создаваат простор каде секој млад човек е прифатен таков каков што е. Важноста на ваквите манифестации е голема, а танцот е универзален јазик, а јазикот не познава предрасуди, гради доверба и создава мостови таму каде што порано имало поделби.Секој настап беше уникатна приказна раскажана преку движење, проследена со силна поддршка од публиката. Учениците покажаа исклучителен талент, посветеност и тимска работа.Жирито имаше тешка задача да ги избере најдобрите, а наградите беа доделени на: прва награда освои ОУ “Гоце Делчев“ Битола, втора награда – ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола, а третата награда беше ОУ “Тодор Ангелевски“ Битола.На натпреварот учествуваа уште и ученици од ОУ „Даме Груев“, ОУ „Стив Наумов“ и ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. Програмата успешно ја водеше Божидар Николовски, кој со својата енергија придонесе за позитивна и динамична атмосфера.Настанот започна со енергичен настап на децата од Танцовиот спортски клуб „Спортакус“, кои создадоа одлична атмосфера и ја подготвија публиката за богатата програма.Во ревијалниот дел настапија и учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, под менторство на професорот по ФЗО, Михајло Силјановски. дополнително збогатувајќи го уметничкиот дух на настанот. Настанот помина во одлична атмосфера, со беспрекорна организација и високо ниво на ангажираност од сите учесници и ментори.На крајот, организаторите упатија благодарност до сите учесници, ментори и поддржувачи, доделувајќи благодарници и пригодни подароци, со порака за продолжување на ваквите инспиративни иницијативи.Мостови на пријателство“ уште еднаш покажа дека преку уметноста можеме да изградиме посилно, поправедно и пообединето општество.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »