На 23.04.2026 (четврток) ќе се одржи панел дискусија на тема “Лајкови или вистински пријатели? Биди свој – не копија“. Организатор на панел дискусијата е Центар за образование и деловни услуги “Идеал Контакт“. Панел дискусијата е за ученици од 6–9 одделение.

Панел дискусијата е со почеток од 18:30 часот во “Пионерски“. Модератор на дискусијата ќе биде Марина Атанасовска – наставник по германски јазик. Гости на дискусијата ќе бидат Марија Магдалена Микаровска, Лазе Гастаров, Анета Димановска, Ивана Новачевска и Давид Велевски.
Очекувајте интерактивна дискусија, реални ситуации, мислења на ученици, самодоверба и социјални мрежи.






