Press "Enter" to skip to content

Норвешката амбасадорка  го посети УКЛО Битола

Амбасадорката на Норвешка за Македонија, Црна Гора и Србија, Кристин Мелсом, придружувана од македонскиот амбасадор во Норвешка, Дритон Кучи, на 22 април 2026 година, остварија официјална посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Во пријатна и конструктивна атмосфера, високите гости со ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, разменија информации зa соработка помеѓу Универзитетот и високообразовни институции од Норвешка.Посетата на УКЛО, амбасадорката Кристин  Мелсом и амбасадорот Дритон Кучи ја заокружија со предавање за студентите и академските кадри на Правниот факултет – Кичево, дисперзии во Битола, на тема: Уставно – правниот систем во Кралството Норвешка и Република Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »