Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две лица од кои еден малолетник на 17 години возеле без возачка, физички напад поради сообраќај, опожарен “форд“

На 22.04.2026 во 18:10 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17 – годишен малолетник од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 23.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Филип 2 Македонски“ во Битола го лишија од слобода С.В. (40) од Битола.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „рено” со битолски регистарски ознаки  и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 22.04.2026 во 13:00 часот во СВР Битола,  В.С. (53) од Битола пријави дека на ул.„Прилепска “ во Битола поради недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од  две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.04.2026 во 15:45 часот во  СВР Битола е пријавено дека на ул. „Партизанска” во Битола  настанал пожар во паркирано патничко возило „форд “ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.С. (54) од Битола. Во пожарот повредени лица нема, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.