Со популарната претстава „Менопауза“ со актерката Тијана Дапчевиќ свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура – Битола додека фестивалот ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“ на сцената на Народен театар Битола.
Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија.
Во рамките на програмата ќе бидат изведени три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција.
Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот ќе понуди и Офф-програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници.











