Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за закана со остар предмет, омаловажување на полицајци, сообраќајка со тешки повреди

На 23.04.2026 во 12:15 часот во СВР  Битола Ј.Т. (34)  од с.Лавци, битолско, пријави дека  на плац во Битола, додека извршувал работни задачи, негов колега му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.04.2026 во 19:30 часот  на ул. “Генерал Васко Карангелевски “ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Н. (51) од с. Дихово, битолско, затоа што ги омаловажувал полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.04.2026 во 16:00 часот во ПО Новаци, А.Т. (50) од с. Добромири, Општина Новаци, пријави дека Д.А. од с. Добромири со употреба на остар предмет му оштетил предмети во дворот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.04.2026 во 13:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Карпош“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (43) од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.И. (60) од с. Будаково, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „опел астра“, додека со телесни повреди возачот од патничкото возило „фолксваген пасат“, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »