АК Пелистер 047 од Битола утрово во Битола со почеток во 9 часот ја започна 4. по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители во должина од 23 километри, како и за сите кои го имаат дадено својот живот за Македонија.
На “Трката за Македонија“ учествуваа тркачи кои се натпреваруваа за пласман, но и велосипедисти и рекреативци кои сакаа да оддадат почит, бидејќи трката е за чест, достоинство и почит.
Стартот беше кај споменикот “Ангел“ кај Саат Кулата во Битола, а имаше повеќе од педесетина учесници.
Се трчаше до село Породин каде почива Илче Стојановски, кој еден од загинатите наши бранители од војната од 2001 година, поточно во масакрот на Вејце.
Потоа следуваше враќање до црковниот храм “Св. Троица“ во “Буковски Ливади“.
На стартот на трката пред споменикот “Ангел“ се обрати до присутните градоначалникот на Битола – Тони Коњановски.
-Уште еднаш искажуваме големо сочуство до семејствата на нашите непреболени бранители, честитки за сите учесници, а искажуваме и благодарност за помагачите на настанот. Споменот е вечен и сеќавањето за нивното херојство и жртва, а долгот на сите нас е што помасовно одвоиме време и придонесеме за тој незаборав, порачаа организаторите.
Пред почетокот на трката беше положено цвеќе на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.

4. по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- СВР Битола: 20 годишна девојка од Љубојно приведена за марихуана, 28 годишник возел влечно возило без возачка
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок
- 400 учесници на Велигденскиот турнир на КК Младост во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со лесна и убедлива победа против Тиквеш





