Press "Enter" to skip to content

Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на 25 години од еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, ги одзеде животите на осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа битолчани беше организиран и меморијален турнир во мал фудбал. Меморијаниот турнир се одигра во спортската сала на средното медицинско училиште, на него настапија осум екипи составени од припадници на министерството за внатрешни работи и од Армијата на Македонија.На свеченото отворање на турнирот пред учесниците и присутните се обратија градоначалникот на Битола и Илија Ристески од министерството за млади и спорт.Пред прогласувањето на најдобрие три екипи на финалистите им се обрати началникот на СВР Битола, Сашо Мирчевски им се заблагодари на колегите за учество на овој меморијален турнир и рече дека во овој траорен ден кога се сеќаваме на загинатите полицајци и бранители ова е еден начин плус, покрај одржување на комемотативни настани и полагање на цвеќе, да го чуваме споменот на нив, на Кире, Марјан, Бошко и Илчо од Битола. Победник на турнирот, по изведување на пенали е екипата на ЕСЗ која ја победи екипата на ЕБР. На трето место се пласира тимот на АРМ, победувајќи го тимот на ПЕП.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »