Press "Enter" to skip to content

Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли

Во пресрет на продолжениот првомајски викенд, вработените од ЈУ Национален парк “Пелистер“ – Битола во изминатиот период интензивно работеа на уредување на добро познатите излетнички места.  Со нови содржинини за одмор и рекреација опремени се “Голема ливада“ и “Мала ливада“, детската патека е целосно уредена и изграден е нов мост. адреналинскиот парк за деца и возрасни во текот на викендот ќе биди во функција. Пелистер сега има и нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој имаат за цел да ја промовираат важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор молика или познат како македонски бор. Инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот и на излезот од Битола, кај “Довлеџик“.