На 01.05.2026 во 04:00 часот во СВР Битола, Д.Н. од Битола пријави дека на место викано „Краварски пат” во Битола бил физички нападнат од лице од село. Долно Оризари, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.04.2026 во 20:10 часот во СВР Битола 41-годишна жена од Битола пријави дека, додека била на работно место во канцеларија за кредитирање во Битола, непознато лице и се заканило со огнено оружје и побарало да му даде пари, но откако одбила, лицето се дало во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






