Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев – македонски револуцион и деец

Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

Пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, во чест на македонскиот национален херој, идеолог, организатор и водач, свежо цвеќе положи делегација од Општина Битола предводена градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, на политички партии, здруженија, ученици и други граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »