-Одличната игра и петте победи во низа придонесоа кошаркарите на Пелистер преполни со самодоверба да влезат во полуфиналната серија со МЗТ Скопје што се игра до две победи, а почнува со утрешниот меч на теренот на противникот.
Американскиот центар на Пелистер од Битола е оптимист дека серијата добри игри може да продолжи со нова победа на утрешното гостување против МЗТ Скопје. Актуелниот првак поседува квалитет што мора да се респектира, но Пелистер пред само десетина дена со двоцифрена победа (74-85) покажа дека знае како се победува актуелниот шампион
„Зелено-белите“ делуваат максимално подготвено за претстојните предизвици, а центарот Ленгстон Вилсон е свесен дека плејофот сам по себе носи обврска за уште повисоко кревање на нивото на игра.
-Среќни сме од серијата добри игри и резултати во последно време. Мислам дека го променивме интензитетот во одбраната, играме агресивно и исто така си веруваме едни на други, што дава резултат на теренот. МЗТ е силен тим со квалитетен ростер, но верувам дека дефанзивно можеме да одиграме квалитетно тимски, а во нападот да го ограничиме бројот на загубени топки. Ова е плејоф кошарка, влогот е огромен, мотивацијата на највисоко ниво. Јас верувам во Пелистер, дека можеме да стигнеме до посакуваната победа ако одиграме онака како што знаеме, вели Вилсон во пресрет на утрешниот прв меч.











