По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Секторот за внатрешни работи Битола реализираше повеќе активности насочени кон зајакнување на професионалната соработка, транспарентноста и довербата со граѓаните.
Денеска во Битола, успешно беа реализирани средби со децата од детските градинки и основни училишта во Битола каде на истите од страна на полициските службеници им беше презентирана дел од опремата и возилата кои ги користат припадниците на полицијата.
Исто така, денеска полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола за прв пат во Битола ги промовираа и полициските велосипеди со кои непречено ќе се одвива полициската работа низ градските средини.
Посетителите се запознаваат со работата на полицијата, опремата и техничките средства, а беа презентирани и показни вежби. Учениците имаа можност да разговараат со полициските службеници, да поставуваат прашања и да се запознаат со возилата и опремата.
Со овие активности се потврдува посветеноста на Министерството за внатрешни работи кон зајакнување на соработката, транспарентноста и довербата со граѓаните, како и унапредување на безбедносниот систем.

СВР Битола со низа активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција и промоција на полициски велосипеди
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички





