Press "Enter" to skip to content

Дијагностицирање на остеопороза во Клиничка болница Битола сега со нов DEXA апарат

Клиничка болница Битола сега има нов DEXA апарат, а стариот апарат, кој беше во функција цели 20 години, престана со работа во септември минатата година.

-Свесни за потребите на нашите пациенти, пристапивме кон решавање на проблемот. Набавивме нов и современ апарат кој овозможува сигурност во секоја поставена дијагноза, соопштија од Клиничка болница и додаваат:-Инвестирањето во нова опрема е инвестиција во здравјето на нашите сограѓани. Клиничка болница Битола чекори напред преку модернизација на услугите, со цел да обезбедиме подобра и поквалитетна грижа за секој пациент.

More from ВестиMore posts in Вести »