Press "Enter" to skip to content

Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа (фотогалерија)

-Македонците од Мала Преспа денеска во селото Туминец под мотото “Чест за хероите, завет за иднината” организираа свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај, а селото се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанското Езеро, на северниот брег на заливот Завир.Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината“ Македонците од Мала Преспа, денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај, на која присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски кој ги откри споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој.Со развиорени македонски знамиња, зурли и тапани, традиционална македонска храна, леб и сол, премиерот Христијан Мицкоски денеска беше пречекан од Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа, денешна Албанија. Таму тој отвори споменик во чест на македонските херои од овој крај.Покрај Мицковски присутни беа пратеници меѓу кои пратеничките од Битола Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, градоначникот на Битола – Тони Коњановски, на Новаци – Стевче Стевановски и други личности од јавниот и политичкиот живот во Македонија и Албанија.Мицкоски пред Македонците од овој дел на Албанија истакна дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца.-На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија – посочил Мицкоски. Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.

Премиерот е ктитор на споменикот во чест на македонските херои, а на споменикот се запишани загинати херои Македонци во Втората светка војна и еден од Илинденскиот париод, кој бил осуден на 101 година затвор.-Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е ниту, пак, кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија, рече Мицкоски.-Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие ги сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка, додаде Мицковски.

На брегот на Преспанското Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа, а градоначалникот на Пустец, Едмон Темелко во своето обраќање рече:-Народ кој не ја почитува својата историја нема ни своја иднина. Затоа сме денес собрани не само да откриеме споменик, собрани сме да се поклониме, да покажеме дека  не забовараме. Да потврдиме дека Македонскиот дух во Мала Преспа живеел, живее и ќе живее. Со должна почит денес им се поклонуваме на сите македонски херои и борци од овој крај, на сите знајни и незнајни јунаци кои своите животи ги вградија во слободата, достоинството во осамостојување на македонскиот народ. Овој споменик кој денес го откриваме не е само градба, ова е сведоштво, ова е аманет, ова е тивок глас на историјата што им  зборува на идните генерации, не заборавајте кој сте, и од каде доаѓате и никогаш не се откажувајте од тоа што сте Македонци.

-Почитуван Мицковски, Македонците во Албанија нема да го заборават вашето дело. Во време кога Македонците беа изложени на негирање и обид за асимилација Вие покажавте дека Македонија не ги заборава своите. Кога многумина молчеа Вие не слушнавте, во време кога многумина гледаа на страна Вие дојдовте межу нас. Во време која Македонците во Албанија се чуствуваа сами Вие подадовре рака, се заблагодари Темелко. На споменикот цвеќе покрај Мицковски положи и министерот за култура на Македонија – Зоран Љуков, Едмонд Темелко, дел од семејствата на загинатите во чија чест се откри споменикот, делегации од Македонија и Албанија…Свештеници на МПЦ  одржаа панихида за загинатите кои потекнуваат од Туминец и за сите јунаци кои загинале за Македонија.Во Туминец беше организирана културно – уметнитничка програма на која учествуваа културно уметнички друштва од Албанија и Македонија, а беше отворена и изложба на слики и фотографии на која беа прикажани мотиви, пејсажи и лица од Мала Преспа.Вредните домаќинки од Мала Преспа посебно од Туминец на сите присутни им понудија специјалитети од овој крај направени од нивните вредни раце.На брегот на Преспанско Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »