Денес, вторник, 12 мај, во Битола, според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температатурата во Битола до 25 степени.
Утре, среда, 13 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен ветер. Температатурата во Битола до 22 степени.






