Општина Новаци продолжува со инвестиции за почиста и поуредена животна средина!
Со поддршка од Министерството за животна средина, Општина Новаци и ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци добија ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад односно кипер грајфер – наменет за чистење не регулирани ѓубришта (диви депонии), со што значително се модернизира возниот парк и се подобруваат услугите за граѓаните.
Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски истакна дека оваа инвестиција претставува директно вложување во почиста животна средина, подобра комунална хигиена и поквалитетен живот за сите жители на општината.
Паралелно со ова, претпријатието активно го спроведува проектот за селекција на пластика, а во наредниот период ќе бидат поделени и канти за селекција на отпад до домаќинствата.
Дополнително, претходно е набавен друг нов камион за собирање на отпад, набавена е и нова приклучна машина – метларка за чистење на тротоарите, која ќе придонесе за уште почиста и поуредена Општина Новаци.
-Чиста околина – заедничка одговорност и наша заедничка иднина, порачуваат од Општина Новаци.






