Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола како членка на Алијансата КОЛОРС е домаќин на дводневен меѓународен настан „CoLab: From By-products to Functional Foods – Sustainable Approaches for Consumer Health“.
Семинарот е посветен на иновативните и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените нус-производи во функционална храна со додадена вредност за здравјето на потрошувачите.
На официјалното отворање збруваа проф. д-р Рената Петревска и проректорот на УКЛО – Јове Д. Талевски, кои зборуваа за меѓународниот настан и значењето на Колорс за студентите на УКЛО и придобивките кои ги имаа.
По официјалното отворање, богатата агенда се остварува во соработка со партнерските универзитети: Jan Dlugosz University и University of Castilla-La Mancha, кои активно учествуваат во програмата и во дискусиите.
Во текот на двата дена, настанот обединува експерти, истражувачи, претставници од индустријата и академската заедница, кои ќе дискутираат за: одржливо управување со прехранбени нус-производи, развој на функционална храна, циркуларна економија во агро-прехранбениот сектор, иновации за подобро јавно здравје и одржлива исхрана.
Преку презентации и стручни дискусии ќе бидат претставени современи европски практики и научни достигнувања што придонесуваат кон намалување на отпадот од храна и создавање нови, нутритивно вредни производи.
[ngg src=”galleries” ids=”2865″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






