Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од владата на Македонија преку министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.
Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.
Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни и максимална висина од 7,2 метри. Во приземјето просториите за физички активности. Административен дел, помошна техничка просторија, а на западната страна од објектот сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби.
На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални. Салата за бокс и салата каде ќе биде поставена карпа за болдеринг се двовисински простории. На горниот кат предвидени е административниот дел, чајна кујна и тоалети. Тука ќе има и галерија која ќе служи како гледалиште. Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.
Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици.






