На 13.05.2026 во 12:50 часот во СВР Битола е пријавено дека во село Добрушево, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т. (30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од с. Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Т., затоа што при извршен увид е констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран и го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 13.05.2026 во 20:00 часот на ул. „Партизанска” во Боитола,, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.С. (19) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2026 во 17:25 часот на патот Битола – Маково, кај с. Логоварди , општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.С. од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мицубиши” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С., при што е констатирано дека го управува без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.05.202 во 15:20 часот на булевар „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Л. од с.Кукуречани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Л., при што е констатирано дека го управувал на јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени, односно се движел во забранета насока. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.






