Press "Enter" to skip to content

Секторот за внатрешни работи Битола со АПЕЛ до граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи

СВР Битола повторно сака да упати апел до граѓаните, особено повозрасните да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација при што ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, доктори.

Изманиците од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или во која истите биле тешко повредени па треба да се даде одредена сума на пари за да се изврши операција.

За да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

СВР Битола ги известува граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

More from ВестиMore posts in Вести »