Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка како пешак била повредена од автомобил, потоа возачот физички ја нападнал

На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д. (42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул. “Партизанска“ со ул. “Никола Тесла“ во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа  возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило “шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.