Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени двајва возачи без возачка, еден пијан со 1,61 промили алкохол во крвта

На 17.05.2026 во 16:45 часот на ул. „Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.М. (46) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 17.05.2026 во  18:25 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.Н. (29) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „рено”со битолски регистарски ознаки управувано од В.Н., при што констатирано било дека  го  управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 17.05.2026 на ул.„Кузман Јосифоски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(52) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.М., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.