Press "Enter" to skip to content

Пионерски – Битола со многу љубов, книги, музика и незаборавни вечери слави 1 година

“Pionerski Book Bar & Apartments“ е местото во Битола каде секој, во изминатата година си најде свој начин на културно – урбано живеење, но и уживање.

“Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола ја продолжи традицијата на место со културно значење, каде покрај забава се одржуваат семинари, обуки, научни конференции и собири. Со што на некој современ начин ќе се продолжи културно – образовната традиција која ја имаше ова место порано, како пионерски дом „Трајче Маглоски“.

Онаа автентичност која ја имаат историските објекти кои будат сеќавања и емоции,  запишани во колективната свест кај голем дел од луѓето кои живееле  во Битола. Поранешниот Пионерски дом или препознатлив по малото пионерче кое е дел од историјата на социјализмот е објект со големо историско значење.