Press "Enter" to skip to content

По 30 години се расчистува патот од Инфоцентарот до Ловечка

За првпат после повеќе од 30 години и покрај неповолните временски услови, вработените од ЈУ Национален парк “Пелистер – Битола во моментов активно работат на расчистување на патот Инфоцентар (1.350 мнв) – Ловечка (2.000 мнв) со вкупна должина од осум километри. Некатегоризираниот пат се наоѓа во бафер зона (неутрална зона која не е под заштита) и поради недоволната грижа во изминатиот период, уредувачките активности ќе се одвиваат во две фази.

Првата фаза опфаќа отстранување на вегетација која е физиолошки ослабена и претставува закана по безбедноста на сите минувачи на патот и предвидено е истата да трае до 01 јули 2026 година.Втората фаза предвидува уредување на коловозна површина и каналите за дренажа покрај патот. Предвидено е активностите да завршат најдоцна до 13 јули 2026 година.

Овој патен правец е од суштинско значење затоа што претставува единствена опција за комуникација со повисоките региони на НП “Пелистер“. Истиот патен правец се користи за активности поврзани со видео мониторинг, заштита на природа, противпожарна заштита и надзор од страна на ренџерската служба.

More from ВестиMore posts in Вести »