Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 50 годишник приведен за агресивно однесување, спроведен во здравствена установа, другиот ден ја нападнал малолетната ќерка

На 18.05.2026 во 21:40 часот во битолско село, полициски службеници од СВР Битола го приведоа И.К. ( 50) од селото затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.

По извршен службен разговор, тој бил спроведен во здравствена установа.

Додека, на 19.05.2026 во 00:35 часот во СВР Битола, неговата 44-годишна жена пријавила дека на 18.05.2026 околу 18:30 часот, агресивно се однесувал во семејниот дом, и се заканувал и физички ја нападнал малолетната ќерка.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.