Општина Битола и Територијалната противпожарна единица, традиционално го одбележаа 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија и 190 години од формирањето на противпожарната единица на Балканот.
ТППЕ Битола е најстарата единица во државата и на Балканот, формирана на 20.05.1836 година со повелба на Румелискиот Валија. Генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денеска претставува пример за организираност и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување.
На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, делегација на Советот предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила, бидејќи оваа противпожарна единица е надлежна и за овие две други општини.
Како што е познато привршуваат работите на новата противпожарна зграда во некогашната касарна. Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од министерството за одбрана на САД.
Градоначалникот Коњановски им додели златни плакети од Општина Битола на Горан Димкоски за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето и на Костадин Поповски за посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола.

Во Битола одбележани 190 години од формирањето на првата противпожарната единица на Балканот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчанката Соња Ангелевска ќе учествува во новото британско телевизиско шоу „Nobody’s Fool“ (фото)Битолчанката Соња Ангелевска ќе учествува во новото британско телевизиско шоу „Nobody’s Fool“ (фото)

- Завршен настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“
- Марина Ѓорговска е нова претседателка на Форумот на жени на ЛДП Битола
- “ГРАДОТ ВО ДЕТСКИ РЕЖИМ“ – Битола се подготвува за најмасовната детска трка во Македонија
- УКЛО и RHINO Entertainment Group со заедничка визија за поддршка на младите генерации




