Денес се одржа завршниот настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“ На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, институции, организации, земјоделци и партнери кои активно учествуваа во реализацијата на проектот.
Во своето обраќање граоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски истакна дека превенцијата и заштитата од пожари се од огромно значење за зачувување на земјоделските површини, животната средина и безбедноста на граѓаните.
-Во рамките на проектот беа реализирани: неколку едукативни работилници за земјоделците, показни вежби за превенција и справување со пожари, активности за подигнување на јавната свест и акција за пошумување со околу 1.100 садници од јавор, питом и див костен и евла кај спортско-рекреативната патека во Новаци, рече Стевановски.
Дополнително, најавено е продолжување на активностите со засадување дрвја на улиците кои водат кон новата Индустриска зона во Новаци.
На настанот беа презентирани и резултатите од повеќе проекти поврзани со управување со пожари, зајакнување на локалните капацитети и заштита на животната средина.
Стевановски искажа голема благодарност до Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), Владата на Швајцарија, партнерските организации, институциите, земјоделците и сите учесници кои дадоа придонес за успешна реализација на проектот.
-Она што што сакам да го истакнам бидејќи се работи за противпожарна единица која не е само за Битола, туку и за Новаци и Могила, се зафативме со еден голем односно капитален проект, а тоа е изградбата на новата противпожарна зграда во делот на некогашната касарна. Пожарникарите, односно единицата да имаат ефикасност потребни се добри
услови за престој, подготовка и интервенција, рече Коњановски.
Општина Новаци продолжува активно да работи на проекти за заштита на природата, безбедноста на граѓаните и развој на земјоделството.






