Во кругот на пријатели и поддржувачи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола од неодамна се приклучи и ИТ-компанијата RHINO Entertainment Group. Соработката, која започна со поддршката на Отворениот ден на УКЛО, претставува уште еден пример за успешно поврзување на академската.
Фактот што RHINO успешно ангажира студенти и алумнисти на УКЛО е потврда за квалитетот на кадарот што го создава Универзитетот и за добрата соработка со ИТ- секторот, истакнува ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, поздравувајќи ја поддршката за студентските активности и иницијативи низ заедничка посветеност кон создавање подобри можности за младите генерации.
На работната средба, на која присуствуваше и директорката на КРЕДО Центарот, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска со претставниците на компанијата во Македонија – директорката Марија Димитровска – Стефановска и координаторот Јовче Даскаловски, изразена е искрена благодарност за поддршката и заедничка определба за продлабочување на соработката.
На Компанијата и е доделена Благодарница, со што RHINO Entertainment Group и официјално се вбројува меѓу пријателите и поддржувачите на УКЛО кои активно инвестираат во младите генерации, придонесуваат кон нивниот стручен и професионален развој и се движат во чекор со современите образовни и општествени текови.






