Иван Петрески од Факултетот за безбедност – Скопје е прогласен за најдобар оратор на државниот натпревар по повод Денот на Европа – 9 Мај, организиран oд Европското движење во Македонија, во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел.
Уште еден значаен успех за УКЛО постигна и Марија Стојановска од Педагошкиот факултет – Битола, која го освои третото место.
Традиционалната манифестација се одржа на 20 мај 2026 година со учество на студенти од повеќе универзитети во државата. Со говорот на тема „Зошто си заминуваме?“, Иван Петрески ги воодушеви присутните и жирито, освојувајќи го првото место. Благодарение на говорничките вештини и убедлив настап и неговата колешка Марија Стојановска е меѓу најдобрите студентски оратори.
Големиот успех за студентите на УКЛО претставува продолжение на нивното забележително учество во рамки на годинашниот УКЛО ТРИВИУМ – настан организиран по повод Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде младите преку ораторство, аргументирано и критичко размислување ги споделуваа своите идеи и ставови за современите општествени предизвици.

Голем успех за УКЛО Битола на државниот ораторски натпревар
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





