Press "Enter" to skip to content

Комплетирана Green Tech Pelagonia – проект на Преда Плус добредојден во CoSpace и студентскиот центар за претриемништво на УКЛО КОЛОРС

Долгогодишната соработка меѓу УКЛО Битола и ПРЕДА Плус од Битла се унапреди со спојување на активности меѓу Студентскиот центар за претприемништво во рамки на Алијансата КОЛОРС и новата стартап програма на Фондацијата Green Tech Pelagonia која официјално започна на 27 јануари 2026 г. со јасна цел – поддршка на млади тимови во развој на иновативни и одржливи стартап решенија.Како резултат на соработката со ПРЕДА Плус, студентските и средношколските тимови што учествуваа на Студентски-организираниот хакатон од 2025 година одржан во рамки на УКЛО КОЛОРС беа дополнително мотивирани да аплицираат во стартап програмата Green Tech Pelagonia. Во програмата учество зедоа студенти, професорки, претставници од асоцираните партнери како и соработниците од средните училишта од регионот коишто ја продолжија соработката со УКЛО КОЛОРС и преку Greentech Pelagonia акцелераторот. Oвој пристап е значаен затоа што создава реален развоен ефект, преку навремено препознавање и поддршка на младите тимови и нивно водење од академска идеја до конкретно, пазарно применливо стартап решение.Преку Студентскиот центар за претприемништво на УКЛО КОЛОРС во колаборативниот простор (CoSpace) се обезбеди значајна логистичка, просторна и организациска поддршка за спроведување на програмата, ставајќи на располагање coworking простор, библиотека, индивидуални простории за работа, како и целокупна ИКТ опрема. Овие ресурси овозможуваат квалитетна реализација на индивидуалните и заедничките сесии, создавајќи функционална и поддржувачка средина за развој на стартап тимовите.Од ПРЕДА Плус и од тимот на УКЛО КОЛОРС се истакнува важноста на ова партнерство и се нагласува посветеноста кон создавање поддржувачка средина за младите претприемачи благодарение на континуитетот меѓу академската средина и практичната стартап поддршка. Старт ап програмата се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка од CIF. Инаку, стартап програмата Green Tech Pelagonia, имплементирана од ПРЕДА Плус Фондација, нуди структуриран и практично ориентиран процес за поддршка на иноватори и претприемачи кои развиваат зелени решенија.Програмата комбинира Google Design Sprint методологија, индивидуална менторска поддршка и тематски обуки кои се одвиваа низ трите месеци, со цел стартап идеите да се тестираат, валидираат и подготват за пазар и инвеститори. Кулминацијата беше јавната презентација на Demo Day, на 31 март 2026 година, каде жири комисија од истакнати стручни лица од банкарскиот сектор, агро-бизнис секторот и инвеститори ги проценуваа бизнис идеите и ги насочуваа како да стигнат до реализација.

More from ВестиMore posts in Вести »