По започнување на санацијата на дефектот на водоводната мрежа на улица “Васко Карангелевски“ Битола со граѓаните се обрати дитекторот на ЈКП “Водовод“ – Андреј Гинов кој рече:
-Во изминативе денови, екипите на „Водовод“ детектираа дефект на водоводната мрежа, поради кој доаѓа до поплавување на тревните површини и дел од велосипедската патека на улица „Васко Карангелевски“, поточно кај “Ремо 3“ во Нова Битола. Екипите веќе започнаа со санација на дефектот и апелираме за трпение од страна на граѓаните кои се движат во овој дел од градот. Исто така, им се извинуваме на велосипедистите бидејќи извесен период нема да можат да ја користат велосипедската патека на оваа локација. Работиме на тоа дефектот да биде отстранет во најкус можен рок, по што локацијата ќе биде вратена во првобитната состојба – и во делот на зелениот појас и на велосипедската патека.






