Панел дискусијата „OUTFIT или ИДЕНТИТЕТ?“ во организација на Идеал Контакт помина во фантастична атмосфера, исполнета со силни пораки, искрени разговори и голем интерес од младите. 

Настанот отвори важни теми за влијанието на социјалните мрежи врз модата, самодовербата и идентитетот кај младите, а панелистите преку лични искуства испратија моќни пораки за автентичност, самопочит и храброст младите да бидат свои. 

Учениците активно учествуваа во интерактивниот дел, поставуваа прашања и креираа впечатливи outfit комбинации преку кои го изразија својот стил, креативност и личен идентитет. 

Модератор на настанот беше Марина Атанасовска, која иако е професор по германски јазик, постојано се труди младите да ги едуцира и инспирира и преку вакви современи и интерактивни настани.

Преку теми блиски до нивната возраст, таа создава простор каде учениците не само што учат, туку и размислуваат, дискутираат и градат самодоверба. Посебна вредност на настанот беше позитивната енергија, искрената комуникација.

Гости на панелот беа: Марија Магдалена Микаровска, Снеже Велков, Емилија Геровска, Александра Шијаковска, психолог Марина Кузмановска. Настанот се одржа во “café bar Repeat“.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2886″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]






