Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 26 степени

Денес, сабота, 30 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 26 степени.

Утре, недела, 31 мај, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27 степени.