Press "Enter" to skip to content

Во Битола успешно реализирана ревијалната изложба и промоција на прирачник

Во просториите на Културно-информативниот центар – Офицерски дом Битола успешно беше реализирана ревијалната изложба и промоцијата на прирачникот „Македонска креативност: Од кирилица до визуелни уметности – Вол. 3 / 2026“, проект кој трета година по ред ја афирмира младата македонска креативност и современите уметнички практики инспирирани од кирилицата и македонското културно наследство.

На изложбата беа претставени дела создадени од младите учесници во текот на повеќемесечниот едукативен и креативен процес, реализиран преку работилници за аналогна и студиска фотографија, цијанотипија, креативно пишување и визуелна уметност. Посетителите имаа можност да видат оригинални авторски дела кои сведочат за талентот, посветеноста и креативниот развој на новата генерација млади автори.Проектот традиционално се реализира во периодот на чествувањето на големиот празник Свети Кирил и Методиј, со што се нагласува значењето на кирилицата како еден од најважните симболи на македонскиот културен и национален идентитет. Во рамките на настанот беше промовиран и истоимениот прирачник, кој содржи дел од творештвото на учесниците, осврти од менторите и документарен приказ на целиот процес на работа. Публикацијата претставува траен запис за проектот и неговото значење во развојот на младите креативци.,Ментори на проектот беа Кети Талевска Бакревска, Коста Дупчинов, Гордана Петров и Игор Трајковски, кои низ својата работа и искуство им помогнаа на учесниците да ги развијат своите креативни потенцијали и да создадат автентични авторски дела.

Изложбата останува отворена за посетители и во наредните денови, овозможувајќи пошироката јавност да се запознае со резултатите од проектот и со творештвото на младите автори.,Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес за културата во 2026 година. Организаторите изразуваат благодарност и до помагателите, соработниците и спонзорите – Би Милк АД Млекара Битола, Графо Пром и КИЦ Битола – чија поддршка придонесе за успешна реализација на сите проектни активности.Со ова трето издание, проектот „Македонска креативност: Од кирилица до визуелни уметности“ продолжува да ја исполнува својата мисија – да создава простор за учење, творење и афирмација на младите автори, претворајќи ја креативноста во жив и современ глас на македонската култура.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »