Битолчани кои беа во свечената сала на Офицерски дом во Битола имаа прилика да бидат дел од вечер исполнета со емоции, уметност и врвна музичка интерпретација приреди младиот кларинетист Бојан Наумовски на својот матурски концерт во Државно музичко училиште – Битола.
Со сигурност, музикалност и извонредна сценска зрелост, Бојан ја воодушеви публиката изведувајќи дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Клод Дебиси, Витолд Лутославски и Микеле Мангани, претворајќи ја вечерта во вистинска музичка магија.
Секое дело беше изведено со голема посветеност, емоција и префинет уметнички израз.
Како ученик од класата на проф. Димитар Трајковски, Бојан уште еднаш покажа дека поседува исклучителен талент, дисциплина и голем потенцијал за понатамошни успеси на музичката сцена.
[ngg src=”galleries” ids=”2887″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










