На 29.05.2026 во 10:45 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Ѓ. (64) од Битола.
При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед марка „јинјинг“со битолски регистарски ознаки управуван од Љ.Ѓ. при што констатирано било дека истиот го управувал во сообраќај на пат без да поседува возачка дозвола.
По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.






