Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола започнува со конкретни чекори за реализација на Меморандумот за соработка потпишан со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска со тим од најблиски соработници на 28 мај 2026 година остварија работна посета на УКЛО.
Покрај средба со раководството на Универзитетот на којашто ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ги запозна со личната карта и капацитетите на УКЛО, гостите имаа можност директно да се запознаат со неколку клучни инфраструктурни објекти.
Гостите ги посетија Центарот за виртуелно инженерство на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Студентскиот информативен центар во кој е сместен Центарот за трансфер на технологии и Лабораторијата за матични клетки.
Посетата според директорката на КРЕДО Центарот на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката и операционализација на заедничките заложби за развој на иновации и трансфер на технолошки решенија, поддршка на студентско претприемништво и стартап екосистем, поврзување на академската и бизнис заедницата и јакнење на истражувачките и развојните капацитети.
Соработката меѓу УКЛО со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е официјализирана на почетокот од април, годинава.
Целта е воспоставување цврста институционална рамка за развој на заеднички активности во областа на образованието, научно-истражувачката работа и иновациите.

УКЛО и ИНОВА со први чекори кон реализација на заеднички активности
More from ВестиMore posts in Вести »
- Активности за поставување на пешачки семафори кај “Епинал“ и Камен Мост
- Во Битола променливо облачно, температурата до 28 степени
- Промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2026“
- Викторија Коцева – девојката која тивко го освојува вниманието
- Општина Битола: утре започнува реконструкција на “Браќа Џаферови“ граѓаните да ги отстранат возилатаОпштина Битола: утре започнува реконструкција на “Браќа Џаферови“ граѓаните да ги отстранат возилата





