Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка помеѓу “мерцедес“ и “пежо“ со повредени, спречена кражба во РЕК, 18 годишник возел без возачка

На 01.06.2026 во 14:38 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул. „Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 67 годишник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ на возраст од 76 години додека со телесни повреди 56-годишната сопатничка од истото возило двете од Прилеп, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 02.06.2026 во 03:00 часот во кругот на РЕК Битола  – Рудник „Суводол“,  полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица од 25 од Битола и 18 години од Прилеп, затоа што биле затекнати при вршење на тешка кражба во комбинатот. Одземеното било вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 01.06.2026 во 22:40 часот на ул. „Прилепска“ во Битола , полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 18 годишник од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од лицето при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »