Press "Enter" to skip to content

Промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2026“

Денес во Битола со поделување на првите бесплатни примероци, од вкупно 6.000 колку се испечатени, и официјално беше промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2026“ кое е во Битола 4. по ред издание од ваков тип.

Еден од идејните творци на ова издание Горан Пинза, лиценциран туристички водич од Битола, исто работи во туризмот веќе петнаестина години, е дел од тимот кој го подготви и ова издание,  за печатеното издание на “Bitola City Guide 2026“ рече:-Се работи за печатена брошура која ја делиме на разни локации в0 градот и регионот. Испечатени се 6.000 примероци со кои ја “покриваме“ цела сезона, од крај на мај се до есенските месеци. Креаторо сме двајва, јас и Горан Спировски, туристички работник, кој работи во туристичката агенција “Турист“ веќе 15-тина  години, и секако мал тим кој го подготви “Bitola City Guide 2026“ и електронското издание. Идејата е земена од разни европски центри, а тоа сме го донеле дома. Битола нема информативен центар и ние се обидуваме туристите да ги информираме според нивните интереси и затоа брошурата е распределена по категории каде се, според нас, вклучени најинтересните и оние угостители кои откупија простор во ова издание.

-За жал интересот кај угостителите е многу мал и ние не сме пропознаени и овој проект не го гледаат како додадена вредност. Ние објаснуваме дека наместо гостинот да бара информации за градот од келнери, рецепционери, кувари… овде се добива на едно мести, и нема слух и го гледаат ова како нешто плус, вели Пинза и додава:

-Ова е од низ за нив. Ние ова не го работи со средства од јавно финансирање. Со сумата која ја плаќаат угостителите од закупот го плаќаме печатењето. Ова не е бизнис или бизнис интерес туку е нешто плус за градот. Едноставно сакаме гостите да се информираат за театар, концерт, спорт, каде да јадат, да сменат пари…, а тука се има по категории.-Во Битола најголемиот дел од туристите се на возраст од 55-60 години нагоре, ние акцентот го ставаме на печатената брошура, но имаме и за помладите веб-страна – https://bitolacityguide.com/mk, а не има и на социјалните мрежи.

-Овој водич најмногу може да и се најде на нашите од дијаспората и тука се подолг период тука, а оние кои се на ден-два не им требаат многу информации. Тука се сместени и турите кои ги организираме за Охрид, Крушево, кањоните кај Зовиќ…, вели Пинза.

Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »