Press "Enter" to skip to content

Со нови 72 знаци обележана е новата кружна, 16 км долга, патека на Пелистер

Вработените од ЈУ Национален парк “Пелистер“ поставија нови 72 знаци на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП “Пелистер“ Битола со Цапарски вир и Ротинско езеро.

Направена е и финална подготовка на подлогата во пресрет на големата промоција која ќе се одржи в сабота на 13 јуни 2026 година.

-Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП “Пелистер“. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ние, сооштија д НП “Пелистер“. 

More from ВестиMore posts in Вести »